Словенците за десет години инвестирале 420 милиони евра

Bez autora
Jun 14 2012

НЛБ Тутунска банка, Оне, Триглав, Сава осигурување, Скопски саем, Kомуна, Фруктал. Долг е списокот со словенечките инвестиции во Македонија, но барем досега, тие претежно се насочуваа кон преземање постојни фирми, а не и кон гринфилд-вложувања. Во изминатите десетина години, словенечките инвестиции во Македонија достигнаа 420 милиони евра, од кои 35 милиони се во последните една-две години, со што Словенија е на високото трето место на ранг-листата со инвеститори. Словенечки фирми се едни од главните играчи во повеќе услужни дејности во земјава како, на пример, во банкарството, во осигурувањето, телекомуникациите, саемските манифестации, потоа во инвестирањето во хартии од вредност, пензискиот систем, но не толку и во производството, кое во изминатиот период како да остана во сенка на други дестинации, како на пример Србија, каде повеќе словенечки компании изградија свои производствени капацитети.

Словенците за десет години инвестирале 420 милиони евраНЛБ Тутунска банка, Оне, Триглав, Сава осигурување, Скопски саем, Kомуна, Фруктал... Долг е списокот со словенечките инвестиции во Македонија, но барем досега, тие претежно се насочуваа кон преземање постојни фирми, а не и кон гринфилд-вложувања.

Во изминатите десетина години, словенечките инвестиции во Македонија достигнаа 420 милиони евра, од кои 35 милиони се во последните една-две години, со што Словенија е на високото трето место на ранг-листата со инвеститори, покажуваат податоците на Словенечко-македонскиот бизнис-клуб. С

ловенечки фирми се едни од главните играчи во повеќе услужни дејности во земјава како, на пример, во банкарството, во осигурувањето, телекомуникациите, саемските манифестации, потоа во инвестирањето во хартии од вредност, пензискиот систем, но не толку и во производството, кое во изминатиот период како да остана во сенка на други дестинации, како на пример Србија, каде повеќе словенечки компании изградија свои производствени капацитети. Некои големи инвестиции, и покрај најавите, не се реализираа, како на пример таа на „Меркатор“ и изградбата на „Ера сити“ покрај скопскиот саем.

- Искуствата на словенечките фирми присутни во Македонија се позитивни. Иако инвестициите поради економската криза се намалени, тие продолжуваат со побавно темпо, што значи дека инвеститорите сепак се задоволни од исходот во нивниот настап и работата на македонскиот пазар. На пример, компанијата „Рото“ во 2010 година отвори фабрика во Виница, а веќе минатата 2011 година и продажбен салон...

Тука е и „Тримо“, кај која во референците се наведени трговските центри на „Туш“ во Kуманово и во Штип, фабриката на „Сокомак“, како и Меѓународниот аеродром во Скопје - вели Искра Јовановиќ, извршен директор на Словенечко-македонскиот клуб, кој е формиран во 2004 година и каде членуваат над 110 фирми и поединци, кои претставуваат јадро на стопанската соработка помеѓу двете држави. Размената помеѓу Словенија и Македонија изнесува околу 280 милиони евра годишно, од што 190 се увоз од Словенија. Инаку, словенечките фирми најмногу инвестирале во телекомуникацискиот, банкарскиот, фармацевтскиот, осигурителниот и прехранбениот сектор, а следуваат градежниот, енергетскиот и транспортниот, вели Јовановиќ.

Од друга страна, Словенија с` уште не може да закрепне од економската криза. За земја што развојот го темели на извозноориентираното стопанство, кризата во еврозоната беше погубна.

- Kога дојде кризата енормни пари од капиталот што се акумулира до 2008 година едноставно испарија - вели Дамир Kудер, претседател на Словенечко-македонскиот бизнис-клуб и член на управата во НЛБ Тутунска банка, кој ги дели процените на угледниот словенечки економист Јоже Менцингер, според кого околу 10 милијарди евра словенечки пари испариле токму преку инвестирање во странство, преку купување акции од физички лица по највисоки цени и преку фирми што правеа аквизиции или инвестираа во земјиште. Другиот дел од приказната беа менаџерските откупи пред да дојде кризата, за кои, според процените, се потрошиле 4 милијарди евра внатрешна акумулација, примарно кредити од банките.

Поради овие автоголови, Словенија сега повеќе мисли на судбината на сопствените фирми за кои постои опасност некој од надвор да ги купи за малку пари, а помалку на инвестирање во странство. Сепак, како што објаснува Kудер, големите системи полека закрепнуваат, а се јавуваат и нови фирми, кои се мали, но успешно бараат свои пазари. Во врска со словенечките инвестиции, но не само со нив, има и една друга димензија, вели Kудер.

- Глобализацијата си го направи своето. „Kомуна картонажа“ беше и уште е чисто технички под „Бакартон Словенија“, но тие се дел од групацијата „Белишче“ од Хрватска, а нив мислам дека лани некој ги купи. Исто беше со Тутунски комбинат - Скопје, кој во 1997 година беше директно купен од „Тобачна“ - Љубљана, но нив ги купи „Ремсма“ Хамбург, па „Бристол империал тобако“... Значи, тие се дел од мултинационалки - вели Kудер.

Генерално, според Kудер, Македонија е привлечна дестинација за инвестиции во производство, но за Словенците како да важи непишано правило да одат во Србија и таму да отвораат производствени капацитети како, на пример, „Горење“.

- Не знам зошто, бидејќи за странските инвеститори Македонија е многу попривлечна. Можеби поради тоа што Србија е голем пазар, но во суштина тоа не значи многу за кое било производство освен ако не станува за некое чувствително на цената на превозот - вели Kудер. Но, тие што дошле тука, направиле добар потег, уверен е Kудер.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik